Српскиот фудбалер кој игра за ФК Дрита од Гњилане Александар Шошиќ во изјава за косовските медиуми рече дека е спремен да го облече дресот на Косовската фудбалска репрезентација. Тој не гледа ништо спорно да заигра за оваа селекција.
– Најдобро е што сите го разбираме фудбалскиот јазик, кој е универзален. Еден ден кога политичката ситуацијата ќе се смири би играл за Косово. Зошто да не – изјави Шошиќ за косовскиот весник „Зери“.
Во текстот се спомнува дека неговиот родител кој бил присутен на интервијуто бил видно вознемирен од изјавата на синот. Младиот фудбалер имал неколку понуди од клубови од Србија, но се решил да потпише за Дрита бидејќи не сакал да го напушти родното огниште.
– Од почетокот имав проблеми со комуникацијата бидејќи не знаев албански, но добро е што неколку од новите соиграчи знаат срски и ми помогнаа да се разберам на теренот. Сега веќе научив некои албански фудбалски жаргони и полесно е за комуникација. Одлично се сложуваме – додаде Шошиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации



