| четврток, 6 декември 2018 |

Франција: Безбедноста на Израел не го оправдува страдањето на цивилите

Францускиот шеф на дипломатијата Лоран Фабијус денеска изјави дека правото на Израел на безбедност не ги оправдува акциите во Газа и ја повика меѓународната заедница да наметнат политичко решение.

Gaza death toll tops 1,400 as sirens wail in Tel Aviv

– Уште колку умирања ќе бидат потребни да се запре тоа што мора да се нарече масакр во Газа. Традицијата на пријателството меѓу Израел и Франција е старо и правото на Израел набезбедност е целосно, но правото не оправдува убивање на деца и масакр на цивили, наведе Фабијус.

Тој истакна дека е потребно прекин на огнот, воведување дводржавно решение и безбедност на Израел.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top