Вчера во струшкото село Џепин, за време на семејна свадбена веселба, непознато лице од огнено оружје испукало неколку куршуми во воздух, при што со повреди се здобиле пет лица кои биле присутни на прославата.
Повредените се пренесени во Медицинскиот центар Струга каде им е укажана лекарска помош и им се констатирани телесни повреди.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Фото: илустрација
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


