| четврток, 6 декември 2018 |

Лампард позајмен на Манчестер Сити

Тоа што делуваше незамисливо сега е потврдено. Тренерот на Манчсетер Сити Мануел Пелегрини соопшти дека легендата на Челси Френк Лапард следната полусезона ќе го носи дресот на граѓаните од Манчестер.
Френк Лампард неодамна потпиша договор со Њујорк Сити и ќе заработува 90 илјади фунти неделно. Негов соиграч ќе биде Давид Вилја освојувачот на шпанското првенство со Атлетико Мадрид и дологодишен играч на Барселона.
Бидејќи првенството во САД популарната МЛС лига започнува во март, бројни клубови ширум светот сакаа да го доведат играчост од средниот ред на позајмица.
Се спомнуваше дека до зимата ќе настапува во Мелбурн, како и дека неговиот вујко Хари Реднап го посакува во редовите на Квинс Парк Ренџерс.
Сепак најконретен во целиот обид да се ангажира легендата на англискиот фудбал беше Манчестер Сити кој успеа да го доведе во своите редови.
Тренерот Пелегрини тврди дека во составот на Сити има место и за Лампард и дека тој е потребен во клубот. Гледајќи го средниот ред на тимот од Етихад прашање е која улога ќе ја добие Лампард во составот.
Поради правилото на финансиски фер-плеј Лапамрд кој е позајмен играч ќе биде одлично засилување на тимот за Лигата на шампионите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top