Македонската академија на науки и уметности (МАНУ) најави неколкудневна програма која ќе се одржи од 7 до 20 август, – „Научна и уметничка визита 2014“, која ќе се одржува во Куќата на Уранија во Охрид.
Програмата ќе почне в четврток со изложбата „Основоположниците на МАНУ“ на академик Томе Серафимовски, која ќе ја отвори претседателот на Академијата, Владо Камбовски.
Следната содржина ќе биде на 13 август кога ќе бидат промовирани најновите книги на академик Блаже Ристовски: „Македонски работи – јазик, литература, историја, нација, држава“ и „Македонски литературни пројави од лозарството до другарството“. Нив ќе ги промовира академик Геогри Старделов.
На 15 август МАНУ ќе организира книжевна вечер посветена на академик Гане Тодоровски, за кого беседа ќе одржат академиците Георги Старделов и Луан Старова. На 19 август, пак, ќе биде одржана научна трибина „Перспективи на развојот на Република Македонија во посткризниот период“.
„Научната и уметничка визита 2014“ на МАНУ ќе заврши на 20 август со книжевна вечер посветена на турската поезија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.