„Југото“ на „Застава“ беше икона во Америка во 90-тите години од минатиот век. Го имаше во филмови, серии, дури и во поп-песни. Во 2ооо година, пак, (десетина години откако го снема на американскиот пазар) слушателите на емисијата „Приказни за автомобили“ го прогласија за најлош автомобил на милениумот.
Американецот Џејсон Вујиќ, кој е автор на книгата „Југо – подемот и падот на најлошиот автомбил во историјата“, вака го објаснува феноменот на „Застава“:
– Во таа 1985 година имаше малку евтини автомобили, американски, јапонски или какви било други. По цена од 3.990 долари „југото“ беше најевтин нов автомобил во Америка. Поевтин за најмалку 1.000 долари од првиот следен. Поради тоа, луѓето побрзаа да го купат. Завладеа вистинска хистерија за „југото“. Во некои продажни салони имаше колони од повеќе десетици метри. Но, тогаш, во 1986 година влијателниот магазин „Конзјумерс рипорт“, кој тестира потрошувачка на стока, објави дека е подобро да се купи добар половен автомобил отколку „југо“. Речиси во истиот момент националните медиуми кои со воодушевување известуваа за „југото“ почнаа да го исмеваат. Комичарите правеа шеги на негова сметка. И кога банкротираше „Југо Америка“, а автомобилот беше повлечен од пазарот во 1992 година, „југото“ и натаму се паметеше како најлошо. Таков е митот. Со право или не, тоа е мислење на Американците – раскажува Вујиќ, писател и историчар од Северна Каролина со српско потекло.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


