54-годишен скопјанец пријавил во полицијата дека му го украле патничкото моторно возило „Југо 55“.
Според пријавата, кражбата се случила вчера помеѓу 06,30 и 15,00 часот на улица „808“, велат од полицијата. Сторителот без да биде забележан го стартувал возилото со клучевите кои биле оставени на воланот и го напуштил местото на настанот.
Од таму додаваат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на возилото.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.