| четврток, 6 декември 2018 |

Преку ден сончево, вечерва можни се врнежи од дожд и грмежи

sonce oblaci

Понеделник започнува со мирно и претежно сончево време. Денот ќе биде потопол во однос на недела. Повторно доцна попладне и вечер ќе има услови за локален развој на конвективна облачност која може повторно да донесе локален дожд и грмежи.

Според метеопро.мк, максималната температура ќе достигне вредност околу 32°С во котлините во северната половина од земјата, а максимум околу 30°С се очекува во југозападното подрачје. Околу 35°С се очекуваат во југоисточниот регион.
Во скопската котлина се очекува претежно сончево време. Навечер ќе постои мала можност за локална нестабилност проследена со дожд и грмежи. Максималната вредност на температурата ќе достигне 34°С.
Во ОхридскоПреспанскиот се очекува претежно сончево време. Максималната дневна температура ќе достигне околу 30°С.
Дојран очекува сончево време. Максималната температура ќе достигне вредност околу 35°С.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top