Силното невреме што го зафати Скопје попладнево ја запре жичарата на Водно и изненади многу граѓани коишто беа на Милениумскиот крст, а некои од нив се заглавени во кабините на жичарата, јави МТВ.
Се прават напори граѓаните безбедно да се спуштат. Надлежните за МТВ велат дека се безбедни и дека се евакуираат.
Имало околу стотина граѓани на Водно за време на невремето, а дел од нив се спуштиле пеш по патеката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



