Големо интересирање владееше за музичко–сценскиот спектакл „Музика универзалис“ и настапот на легендарниот диџеј Дерик Меј со уметниците од Македонската филхармонија, чиј концерт е во тек во Античкиот театар во Охрид.
Се бараше билет повеќе за ова несекојдневно музичко доживување, фузија од електронска и класична музика, фантастични светлосни ефекти, видео и аудио поддршка, со настап на еден од пионерите на детроитската техно-сцена, во оркестарски аранжмани на нашиот музички уметник Емин Џијан. Оркестарот на Македонската филхармонија ќе биде збогатен со магичниот звук на пијаното во изведба на нашата афирмирана пијанистка Емилија Потевска.
Проектот е на продуцентската куќа „Излет мјузик“, а идеен творец е сопственикот на продукциската куќа, Огнен Узуновски – Оги, под покровителство на Министерството за култура. Концертот што е во рамките на одбележувањето на 70-годишнината од постоењето на најстариот национален ансамбл, концерт замислен како мала воздишка од класичната музичка програма што доминира на репертоарот на Филхармонијата, потрага по нови форми на презентација и нова публика во помладите генерации.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.