| четврток, 6 декември 2018 |

Пред почетокот на Дерик Меј и Македонската филхармонија: Античкиот театар претесен

derik mej

Големо интересирање владееше за музичко–сценскиот спектакл „Музика универзалис“ и настапот на легендарниот диџеј Дерик Меј со уметниците од Македонската филхармонија, чиј концерт е во тек во Античкиот театар во Охрид.

derik mej1

Се бараше билет повеќе за ова несекојдневно музичко доживување, фузија од електронска и класична музика, фантастични светлосни ефекти, видео и аудио поддршка, со настап на еден од пионерите на детроитската техно-сцена, во оркестарски аранжмани на нашиот музички уметник Емин Џијан. Оркестарот на Македонската филхармонија ќе биде збогатен со магичниот звук на пијаното во изведба на нашата афирмирана пијанистка Емилија Потевска.

derik mej2

Проектот е на продуцентската куќа „Излет мјузик“, а идеен творец е  сопственикот на продукциската куќа, Огнен Узуновски – Оги, под покровителство на Министерството за култура. Концертот што е во рамките на одбележувањето на 70-годишнината од постоењето на најстариот национален ансамбл, концерт замислен како мала воздишка од класичната музичка програма што доминира на репертоарот на Филхармонијата, потрага по нови форми на презентација и нова публика во помладите генерации.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top