JП „Македонски шуми“ ги намали цените на буковото огревно дрво за 10 отсто за сите физички лица и за 15 проценти за корисниците на социјална помош. Ваквата одлука ќе важи до 30 септември годинава, а е донесена, како што соопшти претпријатието, за да им се излезе во пресрет на граѓаните, особено на ранливите категории.
Новата цена на буковото огревно дрво со попуст од 10 проценти е 2.133,60 денари за кубен метар, а цената за лица корисници на социјална помош со 15 проценти попуст е 2.015,03 денари.
Овие цени важат за купување во складовите на ЈП „Македонски шуми“.
По намалени цени ќе можат да купат буково огревно дрво физички лица кои ќе извршат целосна уплата на потребната количина во износ од 10 проценти од цената утврдена со главниот ценовник за главни шумски производи. На купувачи-физички лица-припадници на категоријата социјални случаи кои ќе извршат целосна уплата на потребната количина буково огревно дрво, им се одобрува рабат во висина од 15 проценти од износот на утврдената цена за количина до пет кубни метри. Припадноста на оваа категорија купувачите треба да ја докажат со исправа издадена од надлежен орган.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кривични пријави за пет лица од Радовиш: Краделе дрва и им се заканувале на шумарите дека ќе ги тепаат
-
Кривични за тројца вработени во „Македонски Шуми“: Краделе дрва, шумарот ги фатил, а тие го претепале
-
Вработените во „Фени“ и без дрва и без плата: Синдикатот им наплатил, но не им доставил огревно дрво
-
Од оваа година на пазарот сѐ помалку ќе има огревно дрво