Полициската станица Македонски Брод поднесе кривична пријава против Д.В. (50) ,вработен во ЈП Македонски шуми, Ш.С, -„Сандански„ – Македонски Брод, Љ.В. (26) и Р.В. (36), вработени во ЈП Македонски шуми, Ш.С. – „Сандански„ – Мак.Брод, сите од с. Требино, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело спречување на службено лице во вршење на службено дејствие. Против Д.В. и Р.В. поднесена е и кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело кражба.
На 22 ноември околу 14.30 часот пријавените отишле на место викано “Антени“, атар на село Требино, со цел да вршат бесправна сеча на дабови дрва. На местото биле затекнати од шумочуварот, кој им наредил да прекинат со дејствието.
Д.В. почнал да се расправа со шумочувартот и во еден момент заедно со неговиот син Љ.В. го собориле на земја и почнале да го клоцаат. Во нападот им се приклучил и Р.В.
Потоа, пријавените ги собрале алатите и се подговтвувале да си заминат. Шумочуварот пак им се приближил, Д.В. и Љ.В. повторно го нападнале, по што заминале со тракторот. Полициски службеници на местото го пронашле шумарот со видливи повреди, а биле пронајдени и бесправно исечените дрва.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.