Од оваа година на пазарот се помалку ќе има огревно дрво, а ќе се зголемува продажбата на пелети, брикети и дрвен чипс, рече директорот на ЈП „Македонски шуми“ Жарко Караџоски, и соопшти дека веќе се изработува физибилити студија за редефинирање на стопанисувањето со дрвна маса, измена на ценовникот и воведување нова категорија – долго дрво во која ќе влезе производството на пелети, брикети и дрвен чипс.
Се подготвува и бизнис план за изградба на фабрика за пелети која ќе биде сопственост на претпријатието.
– Очекуваме во 2017 година да излеземе со конкретни документи и почеток на постапки и за изградба на фабриката, но и за јавно-приватно партнерство за производство на пелети за што има голем интерес, нагласи Караџоски.
Тој ги повика сите правни субјекти кои имаат регистрирани складови и сакаат дрва за продажба, да аплицираат во „Македонски шуми“. Рокот е до 31 март, но мора да бидат исполнети неколку услови.
– Продажбата се дели на три категории: правни субјекти кои имаат регистриран склад за промет на дрво и дрвни сортименти и кои вршат услуги за сеча, дотур и превоз на дрвни сортименти за „Македонски шуми“, правни субјекти кои имаат регистриран склад за промет на дрво и дрвни сортименти и имаат договори со купувачи – здруженија на пензионери, синдикални организации, локална самоуправа и други држани органи, како и правни субјекти кои имаат регистриран склад за промет на дрво и дрвни сортименти, објасни Караџоски.
Првите можат да купат огревно дрво од шумските складови на подружниците на Македонски шуми и тоа максимум една четвртина од вкупната количина дефинирана во договорите за услуги, вторите можат да купат огревно дрво од складовите на Македонски шуми ако имаат склучено договори за продажба со наведените категории купувачи, а третите можат да купат огревно дрво по пат на јавно наддавање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кривични пријави за пет лица од Радовиш: Краделе дрва и им се заканувале на шумарите дека ќе ги тепаат
-
Вработените во „Фени“ и без дрва и без плата: Синдикатот им наплатил, но не им доставил огревно дрво
-
Повик за склучување договори за огревно дрво и техничка дрвна маса
-
Објавен повик за купување дрва преку „Македонски шуми“ за 2017