| четврток, 6 декември 2018 |

Девет лаги на кои им веруваме уште од градинка

deca

Мит или вистина. Што е точно? Ако седите многу близу до телевизорот, ќе ви се расипе видот? Принцезите секогаш носат розови фустани? Каде е Северниот, а каде е Јужниот пол? Што да правите ако голтнете мастика за џвакање?

Ова се некои од митовите за кои слушаме уште од деца. Весникот „Хафингтон пост“ објави девет лаги на кои им веруваме уште од градинка.

1. Принцезите имаат розови фустани, живеат во замок и го чекаат принцот на бел коњ

Можеби девојчињата уживале да се облекуваат во розови фустани, сигурно дека тоа не била бојата која ја избирале тогашните принцези. Историчарите тврдат дека замоците биле валкани, мрачни, студени….

2. Пештерските луѓе живееле во пештери

Многу цртани филмови и стрипови ги опишуваат пештерските луѓе дека живееле во пештерите, но археолозите веруваат дека тие живееле надвор од нив, а во пештерите само се засолнувале, кога имало потреба.

3. Гледање телевизија од близу ќе ви го расипе видот

Ова е мит кој потекнува од шеесетите години од минатиот век, кога „Џенерал електрик“ исфрли 100 илјади телевизори кои емитуваа радијација 100 илјади пати повеќе од дозволеното. Тие беа повлечени, но митот остана. Исто така, со јадење морков нема да го подобрите видот. И тоа е мит.

4. Земјениот северен пол е на Северен пол, а јужниот пол на Јужен пол

Земјата се однесува како огромен магнет, па Јужниот пол се наоѓа на северната хемисвера, а Северниот пол на јужната хемисфера.

5. Човекот има само 5 чула

Знаеме дека човек има 5 чула – вид, слух, мирис, вкус, допир, но научниците веруваат дека ги има повеќе. Некои сметаат дека 10 или 11, а некои дури 21 и повеќе.

6. Приказната за цветот и пчелата е глупав начин да му објасните на детето што е секс

Старомодно или не, некои родители уште така го објаснуваат сексот. Пчелите имаат нешто како сексуално самоубиство. Трутовите живеат цел живот, за да ја оплодат матицата и ако веднаш не се убијат, женските пчели ги исфрлаат од кошницата.

7. Виножитото има само седум бои

Виножитото има повеќе бои, отколку што има ѕвезди на небото или атоми во нашето тело, но луѓето не можат да ги видат сите бои со посматрање на ѕуницата.

8. Слепите глувци навистина се слепи

Ова верување датира од 17. век и се пренесува од генерација на генерација, иако е наточно. Мерлин Тутл, основачка на организацијата која се занимава со слепи глувци изјави дека тие гледаат одлично, но не ги гледаат боите.

9. Гумата за џвакање се вари во желудникот седум години

Сигурно некој возрасен ви кажал дека ако ја голтнете гумата за џвакање, таа ќе остане седум години во вашиот желудник, што секако, не е вистина.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top