| четврток, 6 декември 2018 |

Казна од 400 фунти за скршен нос

Австралискиот дигач на тегови во категоријата до 77 килограми, Франсоа Етоунди ќе му плати 400 фунти на Герет Еванс од Велс поради тоа што го удри со глава и му предизвика фрактура на носната коска.

Ваква пресуда донесе судот во Глазгов на рочиштето на кое Етоунди ја призна вината.

Освојувачот на бронзениот медал на Иргрите Комонвелт за сторениот прекршок еден ден помина во притвор, а потоа беше исфрлен од натпреварувањата.

Инцидентот се случил во спортското село во Глазгов (Шкотска) каде престојуваат учесниците на Игрите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top