
Во Грција се уапсени 15 Албанци кои се обиделе од земјата да прошверцуваат 4,5 тони лековити билки. Уапсените признале во полиција дека билките ги набрале во јужниот дел на земјата и планирале да ги продадат во Албанија каде се подготвувале да ги пренесат на мазги преку планините во Епир.
Во некои делови на Грција од минатата година е забрането берење лековити билки.
Грчките власти по планинските патеки постојано пресретнуваат натоварени мазги кои се издресирани сами, без придружба на луѓе, да ја минуваат границата од двете страни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција


