| четврток, 6 декември 2018 |

Грција: Сакале да прошверцуваат 4,5 тони лековити билки

bilki

Во Грција се уапсени 15 Албанци кои се обиделе од земјата да прошверцуваат 4,5 тони лековити билки. Уапсените признале во полиција дека билките ги набрале во јужниот дел на земјата и планирале да ги продадат во Албанија каде се подготвувале да ги пренесат на мазги преку планините во Епир.

Во некои делови на Грција од минатата година е забрането берење лековити билки.

Грчките власти по планинските патеки постојано пресретнуваат натоварени мазги кои се издресирани сами, без придружба на луѓе, да ја минуваат границата од двете страни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top