| четврток, 6 декември 2018 |

Благој Нацоски: Италија е вистинското место за инспирација и храна за душата

Осо­бе­но сум горд што имав мож­ност на не­кол­ку те­ле­ви­зи­ски ста­ни­ци и ра­ди­ја во жи­во да збо­ру­вам за Ма­ке­до­ни­ја, за на­ша­та исто­ри­ја и кул­ту­ра, па ду­ри и за на­ши­те проб­ле­ми со јуж­ни­от со­сед. Спо­ред мо­е­то искус­тво, ко­га еден по­ли­тич­ки проб­лем е рас­ка­жан од еден умет­ник, тој до­би­ва по­го­ле­ма те­жи­на и по­го­ле­мо вни­ма­ние од но­ви­на­ри­те. За вре­ме на ед­но од мо­и­те го­сту­ва­ња овие де­но­ви се при­ка­жу­ваа и про­мо­тив­ни­те ви­де­ос­по­то­ви „Ма­ке­до­ни­ја веч­на”, ве­ли На­цо­ски

Kultura99-1

„Се­дум пес­ни од свет­ли­на и прав“ е нас­ло­вот на но­ви­от цик­лус на ита­ли­јан­ски­от ком­по­зи­тор Ан­џе­ло Инг­ле­зе, по сти­хо­ви­те на Ни­ко­ла Ма­џи­ров, кои пре­ми­ер­но проз­ву­чеа од Ва­ша стра­на на 15 ју­ли во ви­ла­та „Ду­ра­цо“, во мон­ден­ски­от ло­ка­ли­тет Сан­та Мар­ге­ри­та Ли­гу­ре во Џе­но­ва. Ка­ко дој­де до та­кви­от вид со­ра­бо­тка и чи­ја бе­ше иде­ја­та?
Нацоски: Со врв­ни­от ита­ли­јан­ски ком­по­зи­тор Ан­џе­ло Инг­ле­зе се поз­на­ва­ме ве­ќе пет го­ди­ни. Ко­га прв­пат из­ве­дов не­го­во де­ло, бу­квал­но се вљу­бив во не­го­ви­от на­чин на ком­по­ни­ра­ње. По­ра­ди тоа, во 2011 го­ди­на прв­пат му на­ра­чав да на­пи­ше де­ло за ме­не, од­нос­но по по­вод мо­јот це­ло­ве­че­рен кон­церт на ма­ни­фе­ста­ци­ја­та за све­ти­те Ки­рил и Ме­то­диј во Рим на 24 мај таа го­ди­на. Се ра­бо­те­ше за ком­по­зи­ци­ја­та „Ве­ли­ча­ни­ја Ки­ри­лу и Ме­то­ди­ју“ за те­нор, две ви­о­ли­ни и пи­ја­но, ко­ја ја из­ве­дов­ме за­ед­но со Ана и Олег Кон­дра­тен­ко и Але­сан­дро Да­го­сти­ни во рим­ски­от Пан­те­он, во при­сус­тво на пре­тсе­да­те­лот Ѓор­ге Ива­нов ка­ко пред­вод­ник на мно­гу­број­на­та ма­ке­дон­ска де­ле­га­ци­ја. По од­лич­ни­от ус­пех на таа ком­по­зи­ци­ја, че­сто збо­ру­вав­ме со Ан­џе­ло Инг­ле­зе да на­пи­ше де­ло на ма­ке­дон­ски ја­зик и, ко­неч­но, ми­на­та­та го­ди­на ми дој­де иде­ја да на­пра­вам ед­на ита­ли­јан­ско-ма­ке­дон­ска му­зич­ка ве­чер во Џе­но­ва, на ко­ја, по­крај по­стој­ни де­ла од ма­ке­дон­ски и од ита­ли­јан­ски ком­по­зи­то­ри, цен­тра­лен дел би има­ле но­во­на­пи­ша­но де­ло ток­му од Инг­ле­зе и ма­ке­дон­ска по­е­зи­ја. Из­бо­рот за Ни­ко­ла Ма­џи­ров бе­ше мој за­тоа што дој­дов до не­кои не­го­ви пес­ни из­да­де­ни во ита­ли­јан­ско­то спи­са­ние „По­е­зи­ја“ и ми оста­ви­ја си­лен впе­ча­ток. Иа­ко до­то­гаш лич­но не го поз­на­вав Ни­ко­ла, имав­ме и сѐ уште имамe од­лич­на ко­му­ни­ка­ци­ја. И не­му мно­гу му се до­пад­на иде­ја­та и вед­наш ми пра­ти два­е­се­ти­на пес­ни по не­гов из­бор. Јас, пак, му ги пре­пра­тив на Инг­ле­зе, со пре­вод на ита­ли­јан­ски, се раз­би­ра, оста­вај­ќи на не­го­ва­та ин­вен­тив­ност и инс­пи­ра­ци­ја да из­бе­ре кои од нив ќе ги ком­по­ни­ра и да од­бе­ре со­став на му­зи­ча­ри. Ан­џе­ло из­бра се­дум пес­ни би­деј­ќи за не­го ка­ко ком­по­зи­тор бро­јот се­дум има го­ле­ма сим­бо­ли­ка и иском­по­ни­ра се­дум пес­ни за кон­тра­те­нор, те­нор, кла­ри­нет, ви­о­ли­на, ви­о­лон­че­ло и пи­ја­но. Ни­ко­ла ни су­ге­ри­ра­ше де­ка ка­ко нас­лов на цик­лу­сот мо­же да се упо­тре­би нас­ло­вот на ед­на од пес­ни­те, од­нос­но „Свет­ли­на и прав“ и та­ка се ро­ди „Се­дум пес­ни од свет­ли­на и прав“. Мо­рам да ка­жам де­ка од мо­ја глед­на точ­ка Ан­џе­ло Инг­ле­зе на­пи­ша врв­но де­ло, упо­тре­бу­вај­ќи ја из­во­нред­на­та по­е­зи­ја на Ни­ко­ла Ма­џи­ров. Се­кој ком­по­ни­ран тон на Инг­ле­зе е сил­но вр­зан со сти­хо­ви­те на Ма­џи­ров, ка­ко да се ра­бо­ти за до­бар поз­на­вач на ма­ке­дон­ски­от ја­зик. Се на­де­вам де­ка ова де­ло ќе би­де из­ве­ду­ва­но во ид­ни­на и од дру­ги из­ве­ду­ва­чи, а, исто та­ка, би би­ло уба­во исто­то на­ско­ро да се из­ве­де и во Ма­ке­до­ни­ја.

 

Спо­ред Вас, ка­ков бе­ше впе­ча­то­кот на ита­ли­јан­ска­та пуб­ли­ка? Двај­ца иск­лу­чи­тел­но та­лен­ти­ра­ни Ма­ке­дон­ци, Ни­ко­ла Ма­џи­ров и Вие, ги прет­ста­ву­ваа ма­ке­дон­ска­та кул­ту­ра, спо­соб­ност и ква­ли­тет… Ка­ква бе­ше ре­ак­ци­ја­та на пуб­ли­ка­та?
Нацоски: Мно­гу раз­мис­лу­вав ка­ков кон­цепт да има про­гра­ма­та на кон­цер­тот за таа ве­чер би­деј­ќи мо­ја­та иде­ја бе­ше да би­дат за­ста­пе­ни и ма­ке­дон­ски и ита­ли­јан­ски авто­ри, а, се­пак, цен­трал­но вни­ма­ние да има цик­лу­сот. Мо­јот из­бор пад­на на де­ла на­пи­ша­ни во те­кот на ми­на­ти­от век, и тоа од Пу­чи­ни и Ма­ска­њи ка­ко прет­став­ни­ци на ита­ли­јан­ска­та му­зич­ка ли­те­ра­ту­ра и де­ла од Фир­фов, Про­ко­пи­ев и Зо­граф­ски. Ме­ѓу дру­го­то, Зо­граф­ски го из­брав и за да му од­да­дам по­чит по по­вод 80-го­диш­ни­на­та од не­го­во­то ра­ѓа­ње. Ма­ке­дон­ски­те де­ла ги оста­вив на мо­и­те го­сти од Ита­ли­ја, со­пра­нот Адри­ја­на Јо­ци­ја и кон­тра­те­но­рот Лу­и­џи Ски­фа­но. Мо­рам да приз­на­ам де­ка од­лич­но се снај­доа со ма­ке­дон­ски­от ја­зик, а и Ма­ке­дон­ци­те што беа во пуб­ли­ка­та го спо­де­ли­ја исто­то мис­ле­ње со ме­не за из­го­во­рот на Адри­ја­на и на Лу­и­џи. Не се сом­не­вав де­ка ма­ке­дон­ски­те де­ла ќе ѝ се до­пад­нат на пуб­ли­ка­та во Џе­но­ва би­деј­ќи до­се­га јас сум ги из­ве­ду­вал во Рим и во Ба­ри, но не­мав ни­ка­ква прет­ста­ва ка­ко ќе би­де при­фа­те­но но­во­на­пи­ша­но­то де­ло. Всуш­ност, ре­ак­ци­ја­та бе­ше и по­го­ле­ма од тоа што го оче­ку­вав. Тоа до­жи­веа огро­мен ус­пех и сум осо­бе­но сре­ќен за нас, из­ве­ду­ва­чи­те, но, уште по­ве­ќе, и за Инг­ле­зе и за Ма­џи­ров. Пе­еј­ќи ги „Се­дум­те пес­ни од свет­ли­на и прав” мо­жев да ја во­о­чам воз­бу­де­но­ста кај при­сут­ни­те кои беа не­стрп­ли­ви да ап­ла­у­ди­ра­ат. По­ра­ди ка­мер­ни­от ка­ра­ктер на ве­чер­та, пуб­ли­ка­та се на­о­ѓа­ше бли­ску до нас, из­ве­ду­ва­чи­те, та­ка што лес­но мо­жев да ги во­о­чам нив­ни­те ре­ак­ции за вре­ме на из­вед­ба­та. Си­те вни­ма­тел­но го сле­деа пре­во­дот на ита­ли­јан­ски ја­зик на се­дум­те пес­ни и воз­бу­де­но­ста бе­ше еви­дент­на на нив­ни­те ли­ца. На кра­јот на цик­лу­сот са­ла­та се тре­се­ше од ап­ла­уз, а јас ќе би­дам искрен и ќе приз­на­ам де­ка ве­што ги кри­ев сол­зи­те во очи. Пре­крас­но бе­ше и утро­то по кон­цер­тот ко­га се раз­бу­див и нај­дов еден куп по­ра­ки со че­сти­тки.

 

Kultura99-2

 

Дол­го вре­ме жи­ве­е­те и ра­бо­ти­те во Ита­ли­ја. Ка­ко ја до­жи­ву­ва­те Ита­ли­ја ка­ко зем­ја со мож­но­сти за жи­ве­е­ње и за ра­бо­та?
Нацоски: За ме­не Ита­ли­ја прет­ста­ву­ва­ше от­скоч­на шти­ца за мо­ја­та ме­ѓу­на­род­на ка­ри­е­ра. Во пос­лед­но вре­ме, пак, и не ра­бо­там тол­ку че­сто во Ита­ли­ја, од­нос­но, да ре­че­ме, во те­кот на оваа го­ди­на имам са­мо две про­дук­ции во ита­ли­јан­ски опер­ски ку­ќи, до­де­ка оста­на­то­то е во те­а­три низ Евро­па, Аме­ри­ка и низ Ази­ја. Јас лич­но не­мав те­шко­тии да поч­нам со ка­ри­е­ра­та во Ита­ли­ја и ако се сле­ди мо­јот слу­чај, би се рек­ло де­ка Ита­ли­ја е зем­ја ко­ја ну­ди мож­но­сти за тоа, но не е баш та­ка. Гле­дам де­ка мои дра­ги при­ја­те­ли, ко­ле­ги, кои се из­во­нред­ни та­лен­ти, те­шко ус­пе­ва­ат да се про­би­јат во све­тот на опе­ра­та. Се­га и мо­мен­тот за поч­ну­ва­ње со ка­ри­е­ра во оваа про­фе­си­ја не е и нај­по­го­ден би­деј­ќи, по­ра­ди еко­ном­ска­та кри­за, кул­ту­ра­та е еден од нај­по­го­де­ни­те се­кто­ри. Што се од­не­су­ва до мож­но­сти­те за жи­ве­е­ње во Ита­ли­ја, ту­ка има ар­гу­мен­ти и за и про­тив. Во Ита­ли­ја не­сом­не­но хра­на­та е нај­ква­ли­тет­на и нај­вкус­на во Евро­па, а мо­же­би и во це­ли­от свет, кли­ма­та е пре­крас­на, а фа­ктот што по­ло­ви­на од свет­ско­то кул­тур­но нас­ледс­тво на УНЕ­СКО се на­о­ѓа ток­му во Ита­ли­ја, ка­жу­ва де­ка за еден умет­ник Ита­ли­ја е ви­стин­ско­то ме­сто за инс­пи­ра­ци­ја и хра­на за ду­ша­та. Од мо­ја глед­на точ­ка, и со­ци­јал­ни­от жи­вот ту­ка не е за за­не­ма­ру­ва­ње, не­што што не е од­ли­ка за не­кои цен­трал­ни и се­вер­ни европ­ски зем­ји.

 

Кол­ку зна­ат во Ита­ли­ја за ма­ке­дон­ска­та кул­ту­ра, исто­ри­ја и тра­ди­ци­ја?
Нацоски: Мис­лам де­ка ма­ке­дон­ска­та кул­ту­ра, исто­ри­ја и тра­ди­ци­ја не се поз­на­ва­ат до­волно во Ита­ли­ја. Јас лич­но се тру­дам што по­ве­ќе да при­до­не­сам кон за­поз­на­ва­ње, ка­ко пред да ја до­би­јам ти­ту­ла­та ам­ба­са­дор на кул­ту­ра­та на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја, та­ка и се­га. На при­мер, ток­му за овој на­стан, осо­бе­но сум горд и ме ра­ду­ва фа­ктот што ин­те­ре­сот на ме­ди­у­ми­те бе­ше го­лем и си­те пре­крас­но го нај­а­ви­ја, а имав мож­ност на не­кол­ку те­ле­ви­зи­ски ста­ни­ци и ра­ди­ја во жи­во да збо­ру­вам за Ма­кедо­ни­ја, за на­ша­та исто­ри­ја и кул­ту­ра, па ду­ри и за на­ши­те проб­ле­ми со јуж­ни­от со­сед. Спо­ред мо­е­то искус­тво, ко­га еден по­ли­тич­ки проб­лем е рас­ка­жан од еден умет­ник, тој до­би­ва по­го­лема те­жи­на и по­го­ле­мо вни­ма­ние од стра­на на но­ви­на­ри­те. За вре­ме на ед­но од мо­и­те го­сту­ва­ња овие де­но­ви се при­ка­жу­ваа и про­мо­тив­ни­те ви­де­ос­по­то­ви „Ма­ке­до­ни­ја веч­на”.

 

(Пишува: Невена Поповска
Текст објавен во 99. број на неделникот „Република“, 25.07.2014)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top