Штрајкот со „глад“ на тројцата доценти од штипскиот универзитет „Гоце Делчев“ би можел да се најде и во Гинисовата книга на рекорди откако професорите веќе 21 ден, како што самите велат, штрајкуваат со глад против одлуката да не добијат повисоко звање, пишува „Курир“.
Според порталот, покрај многубројните повици од ректорот и управата на Универзитетот да достават извештај и писмена документација со која ќе докажат дека ги исполнуваат условите за избор на вонредни професори и истата јавно да ја објават, тие не го направија тоа.
Избегнувајќи да докажат дека се оштетени, професорите продолжија да штрајкуваат со глад, со што фрлија дамка сомнеж врз причините поради кои штрајкуваат.
Овие тројца професори тврдат дека штрајкуваат со глад, но сѐ уште нема никакви информации за нивната здравствена состојба, која во ваков случај се очекува да биде влошена. Тие, сепак, во моментов очигледно имаат сила да го чекаат и поддржат штрајкот, организиран под сомнителни околности од страна на СОНК.
Јавноста речиси не памети дека на овие простори со глад се штрајкувало толку долго, а притоа здравствената состојба на штрајкувачите да остане непроменета.
Целиот текст на „Курир“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


