| четврток, 6 декември 2018 |

Уникатни производи за брендирање на македонските езера (ФОТО)

Mакедонскиот креативен бренд МУНУС иницираше брендирање на езерскиот туризам во Македонија со специјализирани ексклузивни подароци и сувенири, под слоганот „All you need is love and the lake“(Сѐ што ви треба е љубов и езерото).

Изработени се уникатни производи наменети за одмор покрај езеро, како крпи за плажа, летни фустани, перничиња од органски памук, тефтери со различни дизајни, подметки за чаши со мотиви од Македонија и цитати од Петре М. Андреевски…

10551103_770951579593863_8168500574173721079_n

Главна цел е на оригинален и модерен начин да се промовираат езерските бисери на Македонија и секој посетител на Охрид или Дојран да си замине не само со убави спомени, туку и со интересен сувенир – соопшти МУНУС.

10463004_767542619934759_5654474808225721519_n

Дојран е прва општина во Македонија која веќе го промовираше езерскиот туризам со специјално изработени подароци, кои се дел од летната линија на МУНУС, со слоганот „All you need is love and Dojran“.

5313_765966780092343_8222372317852328137_n

Нивните производи може да се најдат во специјализиранaта летна продавница на плажата Голден бич во Охрид и во продажните места на „Матица“, „Икона“ и „Мамут“ во Скопје. Компанијата најави наскоро отворање специјализирана продавница во Скопје, како и изработка на веб-страница за онлајн-продажба на нивните производи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top