| четврток, 6 декември 2018 |

Семејството Глејзер ќе продаде пет проценти од акциите на Манчестер јунајтед

Американското семејство Глејзер реши да заработи од Манчестер јунајтед продавајќи осум милиони акции од клубот на берзата во Њујорк или пет проценти од сопствеништвото.
Глејзерови се мнозински сопственици на „црвените ѓаволи“ и по продажбата на петте проценти според сегашната цена на берзата во Њујорк тие ќе заработат повеќе од 150 милиони долари.
По соопштението од „Олд трафорд“ стои дека ниту еден цент од продажбата нема да заврши на сметката на клубот, туку сите ќе отидат во џебовите на богатите сопственици.
Семејството Глејзер се одлучи на ваков чекор по скокот на акциите на Манчестер јунајтед по доаѓањето на Луј ван Гал на тренерското место во клубот. Цената на една акција сега изнесува 19,31 долар, додека во времето на Дејвид Мојес цената на акцијата беше на најниско ниво од 14,98 долари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top