| четврток, 6 декември 2018 |

Тактиката на Роџерс и Ливерпул за меч против Барселона и Луис Суарез (видео)

Одбранбените играчи на Ливерпул ќе треба многу да внимаваат, во евентуален меч на „црвените“ од Енфилд Роуд против Барселона и нивниот поранешен соиграч Луис Суарез.

Со ваков одговор Брендан Роџерс, менаџерот на Ливерпул ги насмеа новинарите на прес-конференцијата пред дуелот со Манчестер сити во Њујорк.

Суарез е познат по гризењето на противниците, таков испад имаше и на Светското првенство во Бразил, кога за рамо го гризна Џорџо Кјелини, стоперот на Италија, а слични чудни постапки имаше и во дресот на Ливерпул. Во дербито против Челси го „касна“ за рака Бранислав Ивановиќ, а Роџерс одлично се снајде на интересното прашање на еден од американските новинари во Њујорк.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top