Полскиот шампион Легија го декласира фаворитот Селтик со 4-1 во првиот натпревар од третото квалификациско коло за пласман во Лигата на шампионите, а победата можеше да биде уште поубедлива ако Ивица Врдолјак беше попрецизен од белата точка. Хрватскиот интернационалец утна два пенала во второто полувреме и пропушти голема можност да го промовира полскиот првак во сигурен патник во плејофот,
Мечот во Варшава почна како по ноти за гостите од Шкотска откако Мек Грегор погоди во осмата минута. Ветеранот Мирослав Радовиќ со два гола во првиот дел направи комплетен пресврт, а Селтик остана со десет фудбалери на теренот по исклучувањето на Амброуз. Домаќините ја искористија предноста и постигнаа уште два гола преку Жиро и Косецки, а можеа барем уште два ако Врдолјак беше попрецизен од белата точка.
Legia Warszawa 4-1 Celtic All Goals by footygoals-net
Останати резултати од првите натпревари во третото коло:
Актобе (Казахстан) – Стеауа (Романија) 2-2, Карабах (Азербејџан) – Салцбург (Австрија) 2-1, АЕЛ (Кипар) – Зенит (Русија) 1-0, Дњипро (Украина) – Копенхаген (Данска) 0-0, Хелсинки (Финска) – АПОЕЛ (Кипар) 2-2, Грасхоперс (Швајцарија) – Лил (Франција) 0-2, Феенорд (Холандија) – Бешикташ (Турција) 1-2, Лудогорец (Бугарија) – Партизан (Србија) 0-0, Стандард (Белгија) – Панатинаикос (Грција) 0-0, Алборг (Данска) – Динамо (Хрватска) 0-1, Марибор (Словенија) – Макаби Тел Авив (Израел) 1-0.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


