„Спотот за кој јавноста до пред неколку часа коментираше дека е промотор на зданијата на проектот Скопје 2014 е отстранет од сите канали на Јутјуб. Шефот на Евровизиската делегација на Македонија, Љупчо Мирковски објаснува дека МРТ како и минатата година, дозволи целосна слобода во креативниот пристап и реализацијата на видео записот за песната којашто годинава ќе ја претставува Македонија на Изборот за Песна на Евровизија 2013 – во Малме, Шведска“, стои во писмото испратено од Шефот на Евровизиската делегација на Македонија кое го пренесува весникот.
Во продолжение на демантот од МТВ стои: Како официјална членка на ЕБУ, МРТ смета дека видео записот, комплетно изработен од Егзит Б Продукција, не ги задоволува стандардите и критериумите за достојно представување на Македонија пред евровизискиот аудиториум и се оградува од него, кој поради програмската најава за директниот пренос на 27 февруари, мораше да биде емитуван. МРТ децидно тврди дека : ниту го постирала, ниту го отстранила спорниот видео запис од било која веб страна на Интернет. Како носител на лиценцата за евровизискиот проект, МРТ ги има сите права за корекции и промени на комплетниот национален Евровизиски пакет, се до крајниот термин – 18 ти март 2013-та година , кога тој треба да се предаде на ЕБУ.
МРТ се оградува од сите шпекулации и изнесени невистини во јавноста, за инволвираноста во идејното решение и реализацијата на видео спотот и сериозно размислува, за одпочнување на постапка за заштита на интересите и интегритетот на јавниот радио дифузен сервис.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.