| четврток, 6 декември 2018 |

Во Македонија има 180 згрижувачки семејства, но има потреба од нови

 

deca3Згрижувачките семејства се најхуманата, најсоодветната форма која е најблиска до биолошките семејства кои што нудат вистинска грижа и заштита на децата без родители и без родителска грижа и на децата со пречки во развојот. Во Македонија во моментов има 180 згрижувачки семејства кои што згрижуваат точно 288 деца без родителска грижа од кои 80 се деца со пречки во развојот, а сите останати се деца без родители и родителска грижа, истакна Спасов, кој ги посети децата од згрижувачките семејства кои денеска уживаа во водените лудории во Аква паркот.

Тој посочи дека целта на овој проект е преку најразлични активности на Центрите за социјална работа преку директна и непосредни контакти со граѓаните да се подигне свеста, но исто така и да се информираат за значењето и можностите кои што ги даваат на згриживачките семејства .

Сите заинтересирани граѓани кои сакаат да се информираат за згрижувачките семсјтва ќе можат да го направат тоа на мејлот [email protected] или на бесплатниот број 15505.

Министерот Спапсов истакна дека во моментов има потреба од такви згрижувачки семејстава и образложи дека овие семејства оставруваат паричен надоместок од страна на државата, месечно од 6.500 и 8000 денари за трошоци за покривање на згрижувањето. Но и доколку не исполнуваат услов за старосна пензија, а биле згрижувачко семејство повеќе од 5 години имаат право, после навршување на 62 години да се стекнат  со постојан паричен надоместок од 8000 денари до крајот на својот живот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top