| четврток, 6 декември 2018 |

Зголелен паричниот надоместок за 25 отсто за семејствата кои згрижуваат деца

Министерството за труд и социјална политика и С.О.С.  детското село денеска во Битола го промовираа проектот „На секое дете му е потребно семејство“.

naskoedetemue

Целта е да се зголеми интересот кај граѓаните и да се зголеми бројот на згрижувачки семејства.

Зголемување на мрежата за згрижувачки семејства и зголемување на интересот кај граѓаните за ваков вид на згрижување на деца е целта на проектот „На секое дете му е потребно семејство“.

Овој проект денес во Битола го промовираа Министерството за труд и социјална политика, односно Центарот за социјални работи Битола и С.О.С. детско село.

Потребно е на сите деца без исклучок да им се обезбеди средина најблиска до семејната и токму поради тоа стартуваше  Проектот за зголемување на бројот на згрижувачките семејства во Република Македонија, во чии што рамки се спроведува и кампањата „На секое дете му е потребно семејство“.

Трајче Петрушевски од с.Белче Демир Хисар , не можејќи да се израдува со свои деца, згрижил во својот дом 3 деца. Во неговото семејство се веќе 8 години и како што вели , задоволни се и децата и тој со сопругата.

Министерството за труд и социјална политика преку своите центри, на згрижувачките семејства им дава континуирана помош од своите стручни тимови. Исто така згрижувачките семејства примаат и соодветен паричен надомест.

Висината на паричниот надоместок во јуни 2015 година е зголемен за 25% и изнесува помеѓу 8.125 денари и 10.625 денари.

Уште една поволност нуди Министерството преку оваа форма на згрижување. Лицето кое континуирано 5 години згрижува дете во своето семејство, доколку нема оставерено право на пензија, со наполнети 62 години ЦСР му исплаќа надомест до крајот на животот. Тој надомест во моментов изнесува 8.000 денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top