Зајакнување на капацитетите за згрижувачките семејства во Македонија со цел овозможување подобра грижа за децата без родители и родителска грижа имаше за цел двегодишната имплементација на „Прајд“ програмата, чие завршување беше одбележано денеска во Скопје.
Станува збор за меѓународна програма за обука за згрижувачки семејства, која, како што појасни дополнителниот заменик министер за труд и социјална политика Диме Спасов, во голема мерка ќе ги унапреди капацитетите на згрижувачките семејства во Македонија, ќе придонесе за поквалитетна грижа за децата кои се вакви семејства за тие да имаат подобри услови за правилен раст и развој и прераснување во здрави индивидуи и чинители во нашето општество.
– МТСП направи максимум за продолжување и зголемување на соработката со СОС Детско село, а изминатиот период со договорите за стратешка соработка со оваа институција овозможивме финансиска поддршка на сите згрижувачи што работат во таму, но и за младинците кои живеат во младинските куќи на ова село, рече Спасов.
Додаде дека од друга страна МТСП се труди континуирано покрај обуките што се спроведуваат за згрижувачките семејства и финансиски се поддржуваат.
– Минатата година се реализираше зголемувањето на надоместокот за згрижувачки семејства за 25 проценти, кој во минатото изнесуваше од шест до осум илјади денари, а сега помеѓу осум до 10 илјади денари месечно за овие семејства кои навистина вршат една хумана мисија во Македонија. Тоа ни прави обврска да продолжиме со мерките кои го помагаат нивното функционирање и извршувањето на нивната мисија, рече Спасов.
Зорица Серафимовска Арсовска, претседател на УО на СОС Детско село Mакедонија појасни дека програмата била имплементирана со поддршка и во соработка со МТСП и Заводот за социјални дејности.
– Со резултатите што таа ги покажа досега треба да се направи се таа да заживее и функционира бидејќи овозможува зголемување на воспитувачкиот систем на едно повисоко ниво, на тој начин што ги зголемува компетенциите на згрижувачите, прави одличен избор и селекција на идни згрижувачи, ги остручува и го развива компетенциите на професионалците… се во насока на што подобри услуги за згрижувањето, а најголема корист ќе имаат децата кои се категорија во ризик, без родители и родителска грижа, рече таа.
Информира дека во моментов во Македонија има над 200 згрижувачки семејства, како што рече, со интенција на зголемување, на што и се работи.
– Светските искуства покажуваат дека голем број деца се во ризик да живеат сами без семејства кои ќе ги поддржуваат, но и оти најдобро за нивниот развој е да бидат во семејства без разлика дали тоа се нивните природни, згрижувачки или посвојувачки семејства.
Годинава обуката ја поминале 140 згрижувачки семејства, но и повеќе од 114 професионалци, стручни лица вработени во МТСП и СОС Детско село, а 49 лица се стекнуваат со сертификат за обучувачи кои натаму ќе продолжат да ја спроведуваат оваа обука на сите згрижувачи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Марко Новески, Вики Ристовска и Владимир Блажевски – DJ Shorty P aкa Панчо донираа за СОС Детско село
-
Спасов: Предвидени се голем број проекти за подобрување на животниот стандард на граѓаните
-
СДСМ и Ременски немаат никаков кредибилитет да говорат за пензионерите
-
Никој во земјава не се чувствува безбедно: Чаушите во СДСМ организираа криминално–полициска местенка и медиумски линч на Диме Спасов