| четврток, 6 декември 2018 |

Младоженецот доцнел, па невестата се омажила за друг

indija-zbrka_620_350

Една венчавка во Индија завршила на неочекуван начин – младоженецот многу доцнел, па нестрпливата невеста се омажила за друг.

Венчавањето на Џамил и Нагма било закажано за сабота во 10.30 часот во Мураднагар. Но, долгото чекање на младоженецот, кој доцнел речиси осум часа,ја натерало изнервираната млада жена да го промени планот и „неодговорниот младоженец да го замени со друг“.

Кога Џамил конечно стигнал на својата венчавка, неговата несудена сопруга и нејзиното семејство не го криеле бесот. Дури и полицијата морала да интервенира за да ги раздвои завојуваните страни.

Сепак, не било се изгубено за младата Нагма која била цврсто решена да се омажи, па „кога веќе пукнало, да пукне“. Младата дама го изговорила судбоносното „да“ на друг младоженец, кој нејзините родители го избрале во целата таа мешаница.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top