| четврток, 6 декември 2018 |

Од 57. пик на драфт до четири НБА титули, Ману Џинобили наполни 37 години

Емануел Ману Џинобили се уште размислува дали да ја продолжи кошаркарската кариера и да атакува на јубилејната петта НБА титула со тимот на Сан Антонио спарс. Аргентинецот пристигна во најсилната баскет лига на светот, тивко, без многу врева и преголеми очекувања како 57. пик на драфтот.

Спарс го одбраа во третата рунда на изборот на нови кошаркари во 1999 година и тогаш почнува вистинска бајка во режија на кошаркарот од Буенос Аирес.

Ману почна да игра за Сан Антонио три сезони подоцна во 2002 година, а пристигна во редовите на Спарс како европски првак со италијанскиот клуб Киндер.

И во НБА го потврди квалитетот и раскошниот талент, како дел од магичното трио Данкан-Паркер-Џинобили. Освои 4 НБА титули, двапати беше Ол-стар, а еднаш беше избран и за најдобар шести кошаркар во најсилната лига. Со Аргентина стаса до златниот медал на олимписките игри во Атина 2004 година и до бронза на следните ЛОИ во Пекинг. Има и сребро од СП во Индијанополис во 2002 година и уште многу признанија и медали.

Со специфичниот стил на игра, прекрасните асистенции и прецизниот удар, Ману остави силен белег во НБА лигата, а останува да донесе одлука дали ќе продолжи со настапите во Сан Антонио или ќе стави крај на блескавата кариера.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top