| четврток, 6 декември 2018 |

Рома подобра од Реал во Далас (видео)

Италијанскиот прволигаш Рома го победи Реал Мадрид со 1-0 со голот на Франческо Тоти во 58. минута, во меч одигран во Далас.

Шпанците беа подобри во првото полувреме, но голманот на Рома, Скорупски не дозволи предност на Реал. Во второто полувреме Тоти погоди за прва победа на „римската волчица“ на американската турнеја.

Рома ќе игра со Интер на 2 август, а Реал Мадрид на истиот датум во Мичиген ќе ги одмери силите со Манчестер јунајтед.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top