| четврток, 6 декември 2018 |

Крај на болеста СИДА!

hiv_aids_sida_507554S1

Болеста СИДА веќе не е неизлечива, тврдат научниците од универзитетот „Темпл“. Тие успеаја од човечките клетки, заразени со вирусот ХИВ целосно да го исфрлат генот кој опасниот вирус го уфрлува во својот „домаќин“.

Една од клучните причини поради кои ХИВ1, најчестиот облик на вирус кој предизвикува СИДА е исклучително отпорен на сите видов лекови и трајно го вградува својот ген во ДНК жртвата.

Во новото истражување научниците откриле метод со кој всадените гени на вирусот ХИВ1 можат засекогаш да бидат елиминирани од човечките клетки. За сега тоа само се прави во лабораторија.

– Ова е важен чекот на патот кон трајното лечење од СИДА. Бидејќи ХИВ1 никогаш не си оди од одбранбениот систем, потребно да се отстрани, за да може пациентот целосно да оздрави – вели д-р Камел Калил. Тој и неговите соработници успеале да развијат молекуларно оружје кое ги брише трагите на гените на ХИВ1.

Во светот живеат повеќе од 33 милиони луѓе заразени со ХИВ. Во развиените земји вирусот успешно се држи под контрола со антивирусната терапија (ХААРТ), но болеста, со секој прекин во лечењето, може повторно да се развие.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top