| четврток, 6 декември 2018 |

Серена Вилијамс се враќа на терените, подготвена е за Отвореното првенство на САД

Првата тенисерка на светот, Американката Серена Вилијамс, денеска изјави дека заздравила од вирусната инфекција и дека ќе се обиде да ја одбрани титулата на Отвореното првенство на САД во Њујорк, кое почнува на 25 август.
Вилијамс минатиот месец кога се играше третиот гранслем турнир Вимболдон се разболе и го предаде натпреварот во двојки заедно со својата сестра Венус. Таа во текот на натпреварот изгледаше деконцетрирано и истоштено и не можеше да продолжи да игра.
Неколку дена порано на Вимблдон Серена загуби во третото коло во поединечна конкуренција од Французинката Ализ Корне, а во јавноста се шпекуираше дека можеби е бремена од нејзиниот тренер.
Таа на терените треба да се врати утре на турнирот во Стенфорд и ќе биде подготвена за последниот гранслем оваа сезона.

– Се чуствувам одлично. Болеста е зад мене и среќна сум што се враќам на терените. Среќна сум што сум овде – изјави Вилијамс во пресрет на турнирот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top