| четврток, 6 декември 2018 |

РК Вардар засилен ги почна подготовките

Ракометарите на Вардар денеска во СЦ „Борис Трајковски“ го одржаа првиот тренинг во новата сезона. Тренерот Раул Гонзалес имаше можност да ја види физичката подготвеност на неговите избраници, со кои во новата сезона ќе атакува на четири фронта: Лига на шампиони, СЕХА-лига, Суперлига и Купот на Македонија.
Тренерот Раул Гонзалес со своите помошници од денеска ќе има на располагање 20 играчи: Арпад Штербик, Петар Ангелов, Страхиња Милиќ, Стојанче Стоилов, Блаженко Лацковиќ, Матјаж Брумен, Немања Прибак, Алем Тоскиќ, Владимир Петриќ, Добривоје Марковиќ, Игор Карачиќ, Алекс Душебаев, Илија Абутовиќ, Филип Лазаров, Стефан Терзиќ, Алексеј Растворцев, Тимур Дибиров, Сергеј Горбок, Данил Шишкарев и Михаил Чипурин.

На овој тренинг не присуствуваше единствено новото засилување на десната крилна позиција Данил Шишкарев, кој ова лето во екипата на Вардар пристигна од рускиот шампион Чеховски Медведи. Шишкарев се пожалил на настинка, а Раул Гонзалес не сакаше да ризикува и поради тоа се реши да го ослободи од првиот собир.

Ракометарите до 31 јули ќе бидат во Скопје, каде што ќе имаат по два тренинга во текот на денот, а потоа патуваат во Крањска Гора (Словенија), каде што ќе го одржат првиот дел од подготовките, сѐ до 9 август. По враќањето од Словенија ќе следат и првите проверки за сработеното, и тоа на традиционалниот „Струшки ракометен турнир“, кој ќе се одржи во периодот од 13 до 16 август. Потоа подготовките продолжуваат во Скопје, по што следува настапот на „Кањижа куп“ во Србија.

rk vardar 6

rk vardar 4

rk vardar 2

rk vardar 1

извор: РК Вардар

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top