Ова би можел да биде најлошиот крадец на светот.
На една надзорна камера во продавница во Канада е забележана кражба. Сопственикот одлучил да ја сподели со јавноста со цел побрзо да го пронајде крадецот, но и да ја насмее целата Интернет заедница.
На снимката се гледа крадец кој за да провали во продавница ја крши стаклената врата. Поминувајќи низ дупката што ја прави во стаклото влегува во продавницата, а после кражбата забрзано излегува надвор, заборавајќи на која страна ја искршил стаклената врата, па ја бира погрешната страна и удира со главата во стаклото.
Погледнете го видеото:
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.