| четврток, 6 декември 2018 |

Откачени Кинези: Дали би пешачеле по оваа патека?

Кинеската архитектура во последните години ужива во конструирање на пешачки патеки кои не се за секого. Патеките се ширум земјата, главно во тешко пристапни краеви со дива природа, а патеките се изградени од стакло.

Последната патека е долга 100 метри, а широка 1,6 метри и е отворена на планината Тјанмен во националниот парк Жангџиаџије, во провинцијата Хунан.

10322710257a1a160ac4c8921486855_v4 big

„Небесна прошетка по кривулест змеј“ на посетитителите им пружа 99 свртувања, а најхрабрите имаат шанса да направат незаборавни фотографии.

206996007257a1a161ab279445721124_v4 big

Планината Тјанмен е место за оние на кои височината не им претставува проблем, бидејќи освен новиот „змеј“, тука има уште две патеки од стакло, вклучувајќи го и мостот рекордер кој е долг 430 метри на височина од 300 метри.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top