| четврток, 6 декември 2018 |

Куман остана без тим, но не и без смисла за хумор

Роналд Куман остана без петмина стандардни првотимци на Саутемптон, а на пат да заминат се уште двајца, Шнајдерлин и Родригез. Холанѓанецот летово стана нов тренер на „светците“ кои лани играа одличен фудбал, а сега ги продаваат главните ѕвезди. Си заминаа Лалана, Ламберт, Шо, Ловрен и Чемберс и го ставија на мака Куман.

Сепак, Холанѓанецот ја сврте работата на шега и на „Твитер“ објави слика од празен стадион со прашање: „Дали сте подготвени за тренинг“. Тоа е алузија на заминувањето на неколкумина играчи од Саутемптон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top