Топлиот бран, која од минатата недела ја зафати Јапонија со температура што достигнува 35 степени во сенка, ги однесе животите на 15 лица, а 8.580 побарале медицинаска помош, од кои 19 се во тешка состојба, соопшти денеска јапонската Агенција за елементарни непогоди.
Според објавените податоци, кои се засновани само врз бројот на оние кои побарале итна помош, 44,4 отсто од луѓето биле на возраст над 65 години, кои сочинуваат една четвртина од населението во земјата.
Претходната недела 3.179 лица побарале медицинска помош поради високата температура, од кои тројца починале.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.