
Женската ракометна репрезентација на Македонија до 18 години ја оствари втората победа на Светското првенство кое се одржува во нашата држава.
Во натпревар одигран попладнево во СРЦ „Кале“ во Скопје, односно разигрувањето за пласман од 17 до 20.место, Македонија ја победи Ангола минимално со 24:22.
Најефикасна во нашата репрезентација беше Сара Ристовска која постигна седум гола, а Клаудија Ѓорѓиевска придодаде пет. Сепак најзаслужна за победата беше Драгана Петковска која на голот имаше дури 15 успешни одбрани.
Со оваa победа црвено-жолтите ќе се борат за 17 место на Мундијалот и тоа во дуел против Тунис кој со 26:22 ја совлада селекцијата на Парагвај. Дуелот против Тунис нашите ракометарки ќе го одиграат утре во терминот од 15 часот и 30 минути.
Во Скопје попладнево на програмата се и дуелите за пласман од 21-24.место: Казахстан – Конго и Узбекистан – Кина, додека осминафиналните натпревари се играат во Охрид и во Струмица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МРТ ги обезбеди правата за пренос на СП во ракомет
-
Светот остана во шок кога Трамп пред сите го фрли подарокот на Путин (Видео/Фото)
-
Меј, Меркел, Ердоган и Рама на мобилен телефон го гледаа полуфиналето на СП (видео)
-
Овие играчи ќе истрчаат вечерва на теренот во полуфиналниот натпревар меѓу Хрватска и Англија


