
Голманот на Челзи Петр Чех изјави дека и покрај враќањето на Белгиецот Тибо Куртоа во лондонскиот клуб, од позајмицата во Атлетико Мадрид, чешкиот голман сака да остане во Челзи и да се избори за место во првиот тим.
– Сакам да потврдам дека ќе останувам во Челзи. Не ми пречи тоа што Куртоа сега е пред мене, напротив тоа ме мотивира повеќе. Ако сакаш да напредуваш тогаш мораш константно да се бориш, изјави Чех кој долги сезони наназад беше неприкосновен „број 1“ на Челзи.
Англиските медиуми веќе подолг период најавуваат дека Челзи размислува за можна продажба на Чех, а веќе интерес за услугите на искусниот голман појавиле француските екипи П.С.Ж. и Монако.
Чешкиот репрезентативен голман Петр Чех во Лондон на „Стенфорд Бриџ“ дојде летото 2004 година, а за „сините“ досега одигра 470 натпревари.
Чех со Челзи освои три титули во Премиер лигата, четири ФА Купа, во два наврати ги освојување Лига купот и Супер купот на Англија, а беше дел од тимовите на Челзи кој триумфираа и во Лигата на шампионите и во Лига Европа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Абрамович ќе ги продаде најголемите ѕвезди, од Челзи си заминуваат дури девет играчи!?
-
Челзи нема да крене раце: Стравот од бројните понуди, ги натера „Плавите“ да подготват нов договор
-
Сака да го смени Лестер за Челси: Дринквотер поднел барање за трансфер
-
Конте открива колку килограми губи на секој натпревар (ВИДЕО)


