| четврток, 6 декември 2018 |

Малезискиот авион бил погоден со шрапнел

Air Malaysian Passenger Jet Crashes in Eastern UkraineАнализите на црните кутии покажуваат дека малезискиот патнички авион бил погоден од шрапнел и претрпел масивна експлозивна дикомпресија – изјави портпаролот на украинскиот Совет за безбедност Андриј Лисенко.

„Црните кутии“ на малезискиот авион  во кој загинаа 298 патници и членови на екипажот и натаму се анализираат во Велика Британија.

Американската и украинската војска тврдат дека авионот е соборен, веројатно по грешка, со ракета испукана од територијата под контрола на проруските сепаратистички бунтовници во источна Украина.

Сепаратистите ги отфрлаат овие тврдења, а Русија наведе можност украинската војска да го соборила авионот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top