Анализите на црните кутии покажуваат дека малезискиот патнички авион бил погоден од шрапнел и претрпел масивна експлозивна дикомпресија – изјави портпаролот на украинскиот Совет за безбедност Андриј Лисенко.
„Црните кутии“ на малезискиот авион во кој загинаа 298 патници и членови на екипажот и натаму се анализираат во Велика Британија.
Американската и украинската војска тврдат дека авионот е соборен, веројатно по грешка, со ракета испукана од територијата под контрола на проруските сепаратистички бунтовници во источна Украина.
Сепаратистите ги отфрлаат овие тврдења, а Русија наведе можност украинската војска да го соборила авионот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


