Замислете ги корените на Рамазан во САД и ќе добиете слика на традициите и оброците кои биле донесени од емигрантите од муслманската заедница, кои од неодамна станаа дел од долгата листа на разновидни празници во САД.
Но во реалноста, светиот месец, со кој се одбележува времето кога муслиманите низ целиот свет постат од храна и вода преку ден, можеби е поамерикански празник отколку што можете и да си замислите
Во текст за Ал Џезира, писателот и експерт во Студии за критични раси, Калед Бејдун, разјаснува како оваа религиозна традиција прво била одбележувана на американска почва од африканските робови.
Околу „600 илјади до 1,2 милион робови“ во Америка биле грабнати од западните региони на Африка, што вклучува и голем број муслиманско население, велат социолозите.
Бејдун исто истакнува дека додека многу заробени муслимани биле насила приморани да конвертираат во христијанство, но многу други продолжиле да ја практикуваат нивната вера додека биле присилувани да вршат тешка физичка работа. Тој исто објаснува дека тие продолжиле да постат за време на Рамазан, и апстинирале од храна и пијалоци, одржувале рамазански молитви во робовските населби, и седнувале заедно на ифтар – вечерниот обед кога муслиманите прекинуваат со постот на залез на сонцето.
Во тоа време, во повеќе правила за робовите кои биле воведени на југот од земјата како одговор на озборувањата за бунтови, стоело дека собири со петмина или повеќе робови се сметало како „незаконски и опасен собир“ за планирање на обиди за бунтови и бегства.
Талиб Шариф, пензиониран ветеран од воздухопловството на армијата на САД и имам во џамијата Масџид Мухамед во Вашингтон, вели дека Рамазан е можност за црните муслимани во Америка да се сеќаваат и да ја одржуваат „силната врска помеѓу амфроамериканската историска битка за слобода и еднаквост, уште од крајот на робовладетелството во 1860, и исламските традиции за потрага по духовна слобода“.
– Знаете, излеговме од ропството, вели Шариф. „Тоа беше пат да се види човештво ослободено. А да се стане муслиман преку тоа искуство, тоа е знак да се потенцираат три посебни зборови – слобода, правда и еднаквост. Тоа го сакавме. И секој човек го сака тоа“.
Според анкета на истражувачкиот центар Пју, 35 проценти од муслиманите во САД денес се црни, што создава впечаток дека порастот на исламот во земјата е најногу производ на миграцијата.
Во 19-иот и 20-иот век, муслимански емигранти од Блискот исток, Азија, па дури и од Латинска Америка, дошле во Америка во потрага по поголеми економски можности отколку тие кои ги имале во нинвите родни земји, и така создале најразновидна муслиманска заедница во светот.
– Муслиманската заедница во САД може да се гледа како `микрокосмос` на муслиманскиот свет, забележал Мунир Азауи во 2009 година во студија на американскиот Институт за современи германски студии, каде има краток осврт за муслиманската интеграција во Германија и во САД. „Овие околности се очигледни посебно во САД; никаде на друго место во светот не може да се најде поразновиден состав на муслимани“.
Како правнук на роб, Ибрахим Мумин вели дека Рамазан е шанса за него да ја споделува неговата вера со немуслимани американци кои не знаат за исламот.
Вреди да се запомни колку далеку потекнуваат корените на исламот во САД.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


