| четврток, 6 декември 2018 |

Силно невреме на Јадранот

turisti

Група тинејџери од Русија и Словенија едвај се спасиле од силното невреме кое од вчера беснее по целото Јадранско крајбрежје. Тинејџерите биле заробени од високите бранови кај Црвената плажа во Будва.

На плажата се стигнувало само преку море, што во многу ја отежнало работата на спасувачките екипи. Тинејџерите биле на педалинки. Нивното извлекување траело до полноќ.

Невремето предизвикало проблеми и во Чањ, каде се превртел чамец во кој биле три деца. Но, за среќа сите биле навреме извлечени. Големо невреме имало и во Бар и Петровец.

Невремето во Хрватска ја однесе и првата жртва. Еден германски турист (74) бил пронајден мртов на плажата на островот Раб.

Засилената циклонска активност на Балканскиот Полуостров предизвика силно невреме и во Србија. Синоќа Ниш остана без струја откако громови удриле во повеќе трафостаници по што интервенирале и пожарникарите. И улиците на Белград биле поплавени неколку часа, неколку часа во прекин бил и трамвајскиот сообраќај.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top