Публиката во еден глас ги пееше сите песни, како од новиот, така и од постариот материјал, на вчерашниот концерт на дуото „ДНК“ и нивниот бенд на плажата „Кадмо“ во Охрид. Панчо, пак, понесен од атмосферата ја испеа и познатата „Rolling In the deep“ од Адел.
– Секогаш сме си поминувале супер во Охрид, но оваа вечер ни беше посебна, затоа што долго време не сме настапиле во овој антички град, а и најмногу ни е драго што публиката ги пееше заедно со нас сите песни од нашиот нов албум „Срце“ – изјави Панчо кој очигледно беше презадоволен од она што го доби од публиката.
Овој концерт беше само дел од турнејата на „ДНК’ која е планирана за ова лето. Следуваат уште многу настапи ширум Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.











