| четврток, 6 декември 2018 |

Панчо ја запеа Адел (ФОТО)

Публиката во еден глас ги пееше сите песни, како од новиот, така и од постариот материјал, на вчерашниот концерт на дуото „ДНК“ и нивниот бенд на плажата „Кадмо“ во Охрид. Панчо, пак, понесен од атмосферата ја испеа и познатата „Rolling In the deep“ од Адел.

Секогаш сме си поминувале супер во Охрид, но оваа вечер ни беше посебна, затоа што долго време не сме настапиле во овој антички град, а и најмногу ни е драго што публиката ги пееше заедно со нас сите песни од нашиот нов албум „Срце“ – изјави Панчо кој очигледно беше презадоволен од она што го доби од публиката.

Овој концерт беше само дел од турнејата на „ДНК’ која е планирана за ова лето. Следуваат уште многу настапи ширум Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top