| четврток, 6 декември 2018 |

Осум месечно бебе загина во тешка сообраќајка кај Демир Капија

Тешка сообраќајна несреќа се случи утринава околу 07.20 часот на место викано „Арсова лака“ на патот  помеѓу Демир Капија и Удово.

Во директен судир на два автомобили со српски регистарски таблички, „форд диеста“ и „шкода фабиа“ повредени се осумте патници кои биле во возилата. Меѓу повредените било и осум меечно бебе кое на пат кон велешката болница починало.

Останатите повредени се пренесени во болницата во Велес.

Портпаролката на велешката градска болница д-р Силвана Мишкова првично информираше дека лекарите на хирушкото одделение интервенираат врз повредените. Подетални информации околу нивната здравствена состојба ќе има подоцна.

Информацијата за сообраќајката ја потврдија и од МВР. Во моментов оштетените возила се отстранети од патот, а по застојот сообраќајот се одвива нормално.

Увид на местото на несреќата извршил јавен обвинител од Кавадарци и полициска екипа од полициска станица Неготино.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top