
Во пресрет на муслиманскиот празник Рамазан Бајрам, премиерот на Македонија Никола Груевски присуствуваше на ифтар вечера заедно со повеќе граѓани, членови на ВМРО ДПМНЕ од исламска вероисповед.

Груевски во текот на вчерашниот ден присуствуваше на ифтар во Струга, заедно со повеќемина, главно Македонци Муслимани. Денеска пак на вечерата во Скопје присуствуваа повеќе Албанци, Македонци Муслимани, Бошњаци, Роми и Турци.

Груевски на присутните им посака убави празнични денови, среќа и спокој на верниците кои го празнуваат празникот Рамазан Бајрам, како и единство, хармонија и взаемно почитување, кое треба да биде единствениот пат кој може да донесе економски, културен и сеопшт развој на државата.

Груевски посочи дека ваквите настани се добра шанса да се разменат мислења, но и да се прати порака на единство, бидејќи соживотот и меѓусебното почитување имаат вековна традиција меѓу луѓето кои живеат на овие простори и тоа треба да биде примерот кој треба да биде следен во сечие делување и работа.


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Претседателот Иванов го честита Рамазан-Бајрам: Дозволете ми овој ден да повикам на слога и заедништво
-
Мицкоски со честитка за Бајрам: Почитувањето на верската различност е од особен интерес на сите граѓани и иднината на Македонија
-
Муслиманите го слават Рамазан Бајрам
-
Скандалот продолжува: На верскиот обред во училиште во Радовиш, присуствувала и директорката со сопругот (фото)


