| четврток, 6 декември 2018 |

Во пресрет на Рамазан Бајрам: Премиерот Груевски на ифтар вечера (фото)

gruevski iftar

Во пресрет на муслиманскиот празник Рамазан Бајрам, премиерот на Македонија Никола Груевски присуствуваше на ифтар вечера заедно со повеќе граѓани, членови на ВМРО ДПМНЕ од исламска вероисповед.

gruevski iftar1

Груевски во текот на вчерашниот ден присуствуваше на ифтар во Струга, заедно со повеќемина, главно Македонци Муслимани. Денеска пак на вечерата во Скопје присуствуваа повеќе Албанци, Македонци Муслимани, Бошњаци, Роми и Турци.

iftar2

 

Груевски на присутните им посака убави празнични денови, среќа и спокој на верниците кои го празнуваат празникот Рамазан Бајрам, како и единство, хармонија и взаемно почитување, кое треба да биде единствениот пат кој може да донесе економски, културен и сеопшт развој на државата.

poposki

Груевски посочи дека ваквите настани се добра шанса да се разменат мислења, но и да се прати порака на единство, бидејќи соживотот и меѓусебното почитување имаат вековна традиција меѓу луѓето кои живеат на овие простори и тоа треба да биде примерот кој треба да биде следен во сечие делување и работа.

todorov

stavrevski

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top