Голем скандал се случи во основното училиште „Крсте Петков Мисирков“ во строгиот центар на Радовиш.
Станува збор за верски обред кој се одржал во основното училиште „Крсте Петков Мисирков“ во строгиот центар на Радовиш, на само 50 метри од општината.
На социјалните мрежи излезе видео од ифтарската вечера во холот на училиштето, во кое се гледаат како стотина ученици седнати во училишните клупи заедно со повозрасни лица ја слушаат молитвата од оџата искачен на скалите од училишниот хол.
Директорката на училиштето, наместо да го спречи ова кршење на законот, таа стана дел од него. Имено, Стојанова заедно со својот сопруг беше дел од овој обред, односно присуствуваше на верскиот обред.
Државниот просветен инспекторат го казни основното училиште „Крсте Петков Мисирков“ од Радовиш со 1.600 евра, а директорката Олгица Стојанова со 1.120 евра, поради тоа што на 31 мај во училиштето се изведе верски обред.
Според член 12 од Законот за заштита на децата се забранува злоупотреба на децата поради политичко или верско организирање и дејствување, со што е предвидена глоба од 1000 евра.
Инаку верска поука може да се изведува само во јавни простории во кои се вршат верски обреди и верски работи, а за посетување на верска поука од страна на малолетник потребна е согласност од родител, односно старател како и негова согласност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.